Вељко Ражнатовиќ инвестирал 50.000 евра за започнување нов бизнис: Еве што откриле соседите

Вељко Ражнатовиќ инвестирал 50.000 евра за започнување нов бизнис: Еве што откриле соседите

Објавена во: Живот // Живот

Вељко Ражнатовиќ, син на познатата српска фолк sвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, одлучил да започне нов бизнис за кој платил над 50.000 евра, велат соседите.

Вељко купил парцела кај Житорача со објект кој има над 5.000 квадратни метри во кој ќе одгледува свињи.

„За оваа парцела сигурно платил 30.000 евра, тоа е голема фарма што не може секој да си ја дозволи. Внатре има многу свињи и прасиња, купи и коњ, а во сето тоа вложи барем уште 20.000 евра. Имаат луѓе кои доаѓаат и се грижат за се‘. Не сум љубоморен, мило ми е што е таму, јас сигурно нема да имам пари да го купам. Подобро е да го купи, па да инвестира во него, отколку да пропаѓа “, рече еден од жителите на Стара Божурна.

Вељко е редовен гостин во селското кафуле во Стара Божурна, а еве што вели Марија, девојката која работи во кафулето:

„Остава навистина добар бакшиш. Го познавам долго време, кога бевме помлади. Се дружеше со мојот брат Даниел, кој сега работи за него во Тител.

Вељко го ангажираше да се грижи за неговите кучиња и да биде задолжен за нив. Задоволен е, има обезбедено сместување и храна, а и девојката често му е таму. На Вељко не му пречи кога девојката на брат ми останува таму да спие, а тоа ретко би било дозволено од било кој шеф. Тој е секогаш пријатен и насмеан, и мило ми е што Даниел има таков шеф “.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: