Вељко Ражнатовиќ одел во училиштето на Мика Алексиќ: Нема милост кон силувачите

Вељко Ражнатовиќ одел во училиштето на Мика Алексиќ: Нема милост кон силувачите

Објавена во: Живот // Живот

Синот на Цеца призна дека веднаш сфатил дека училиштето на Мика не е за него, а потоа остро го осуди професорот...

Веста дека режисерот, сценаристот и наставникот по глума, Мирослав Мика Алексиќ, сексуално ги вознемирувал своите ученици ја заплаши јавноста. Актерката Милена Радуловиќ реши да го пријави Мика Алексиќ и откри дека ја силувал додека таа била уште малолетна.

Никој не остана рамнодушен на нејзината исповед и од тој момент постојано се појавуваа нови детали за учениците кои одеа во училиштето на Мика Алексиќ.

Српскиот боксер и син на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ откри дека бил дел од училиштето на Мика, но дека наскоро сфатил дека не е за него.

Ражнатовиќ остро го осуди Мика за она што и се случи на младата актерка и многу други девојки, а потоа раскажа за своето искуство.

„Бев само на пет часа кај Мика Алексиќ и заминав, веднаш видов дека не е за мене. Доколку овие обвинувања се покажат како точни, се надевам дека државата Србија ќе го осуди што е можно построго. Нема милост за таквите луѓе, силувачи. Особено за педофилите, смртната казна веднаш“ - рече Вељко Ражнатовиќ.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: