Вељко Ражнатовиќ се огласи по смртта на Балашевиќ, Јелена Карлеуша подготвена за војна: „Не дозволувам“

Вељко Ражнатовиќ се огласи по смртта на Балашевиќ, Јелена Карлеуша подготвена за војна: „Не дозволувам“

Објавена во: Живот // Живот

Остро реагираше...

Пејачката Јелена Карлеуша реагираше бурно на сторито на боксерот Вељко Ражнатовиќ, во кое тој беше критички настроен кон починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ.

Ражнатовиќ сподели видео од еден концерт кој Балашевиќ го одржал во Загреб, на кој тогаш ѝ се обрати на публиката со следните зборови: „Јас инаку пеам на својот мајчин хрватски јазик, но постои еден проблем, јас зборувам една расипана верзија на хрватски, т.н. српски јазик“, а на ова Вељко напиша:

„Србите, според старата проклета навика, самите по себе мокриме! Затоа не не почитуваат, затоа ние секогаш сме виновни. Оној кој го навредува вашиот народ, не заслужува ни спомен, ни сеќавање. Кој Хрват би го поддржал да дојде во Србија и да гп каже она што го кажа покојниот кантавтор г-дин Балашевиќ? А, вие запрашајте се дали сте нормални и колку лица имате“ - напиша тој.

Овој потег на младиот боксер го осуди пејачката Карлеуша, која напиша остра порака:


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: