Вељко Ражнатовиќ жртва на измама на Интернет: Тоа се некои будали со вишок време (ФОТО)
Боксерот за тоа пишуваше на својот Инстаграм профил и ги предупреди следбениците да не наседнуваат...
Вељко Ражнатовиќ е жртва на измама на Интернет. Некој на Фејсбук отворил профил со неговото име и фотографија и се претставува како него.
Боксерот за тоа пишуваше на својот Инстаграм профил и ги предупреди следбениците да не наседнуваат.
Како што наведе, некој се осмелил да му го „украде“ идентитетот на Фејсбук и да пишува нешто што на синот на Цеца Ражнатовиќ никогаш не би му паднало на памет.
На почетокот, кога го видел тоа, бидејќи сите познати личности имаат фан страници, синот на пејачката не реагирал. За жал, проблемите на Вељко поради личноста која се претставувала како него почнале да се нижат, и одлучил тоа да го скрати од корен.
На својот профил на Инстаграм јавно објави со што се соочил.
„Фејсбук немам и профилот ВељкоРаж е некоја будала во вишок време! Кој е во можност нека пријави, ви благодарам“ - напиша тој.
Неговите обожаватели се надеваат дека администраторите на мрежата на време ќе реагираат и дека проблемите на Вељко нема да продолжат.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб