Вељко се расплакал, а тука се и Цеца и Лидија: Досега невидени моменти од породувањето на Богдана (ФОТО)
Богдана блескала и не ја криела насмевката од лицето...
Снаата на познатата српска пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Богдана Ражнатовиќ, се породи на 17 април со царски рез и на свет го донесе синот Крстан.
Имено, екипата на телевизијата „Блиц“, ги поминала најинтимните моменти во салата пред самото породување на Богдана.
Камерите забележале сѐ, а присутни биле и Цеца Ражнатовиќ, како и нејзината сестра Лидија Оцокољиќ.
Богдана блескала и не ја криела насмевката од лицето, а сите со нетрпение очекувале да дојде на свет малиот Крстан.
Во новата епизода од „Шоуто на Цеца“, која ќе емитува на „Блиц“ телевизија, ќе може да погледнете како изгледало сето тоа.
За потсетување, малиот Крстан е роден на истиот ден како и таткото на Вељко, Жељко Ражнатовиќ Аркан.
фото: Принтскрин / Инстаграм