Веро е добитник на наградата Best Buy за најдобар однос на цена и квалитет
Во рамки на независното истражување Best Buy Award за 2021/2022 година што го спроведува швајцарската организација ICERTIAS, Веро е добитник на наградата за најдобар однос помеѓу цената и квалитетот според мислењaта, искуствата и изборот на потрошувачите во земјава.
Водејќи се од личното искуство, мнозинството потрошувачи го избра Веро за најдобар маркет во категоријата „Најдобар однос на цена и квалитет“ и го посочија како прв избор на маркет во кој добиваат највисок квалитет за вложените пари.
За менаџментот на Веро, значајното признание Best Buy е потврда дека потрошувачите ги препознаваат заложбите на Веро секогаш да обезбеди голем избор на најквалитетни производи и најдобри цени.
- Сите награди и признанија се значајни, но оние што доаѓаат лично од потрошувачите за нас имаат огромно значење. Нема подобра препорака од препораката која доаѓа од самите потрошувачи. Искрено се гордееме што сме добиници на вакво престижно признание и што потрошувачите го препознаа нашиот напор и истрајност да им понудиме производи со најдобар однос на цената и квалитетот. Заедно со нашите домашни и странски добавувачи континуирано работиме на зголемување на понудата на домашни и странски производи што ќе бидат прилагодени на потребите и очекувањата на нашите потрошувачи. Оваа награда ќе биде мотив повеќе да продолжиме да ги ослушнуваме нивните потреби и да им излеземе во пресрет на нивните желби, што ни претставува особено задоволство - вели Петар Денковски, генерален директор на „Веро“.
Истражувањето во земјава е спроведено во текот на јануари 2021 година на репрезентатативен примерок од 1.200 испитаници постари од 18 години кои се чести потрошувачи на различни синџири маркети. Секој испитаник во анкетата требаше самиот да го впише името на супермаркетот во кој добива најдобар однос помеѓу цената и квалитетот, при што според резултатите од анкетата, Веро го доби престижното признание Best Buy, препознатливо и признаено во интернационални рамки.
* ПР - објава