Весна Бејби емотивно за роденденот на синот: Нека сè што е убаво - биде твое (ФОТО)
Весна Петрушевска Бејби веќе неколку години е разделена од својот син Кир. Тој во 2020 година замина во Хјустон, Америка кај својот татко Јанко Тренкоски. Таму го продолжи своето образование, каде минатата година беше матурант.
Актерката не крие колку ѝ недостасува синот, а тоа го покажува и на своите профили на социјалните мрежи. Имено, овој пат таа сподели фотографија по повод неговиот 20-ти роденден:„Нека целата среќа на овој свет ти припаѓа тебе, нека твојата љубов му припаѓа на оној кој најмогу го сакаш, нека сè што е убаво - биде твое! Среќен роденден, срце мое!Среќна 20-ка Кирил Тренкоски, love you“ - напиша таа во описот на фотографиите.