Вибер со нова опција: Ќе може да креирате GIF каков што сакате

Вибер со нова опција: Ќе може да креирате GIF каков што сакате

Повеќе од милијарда корисници на Вибер добија можност да креираат сопствени GIF - ови, вклучувајќи ги и опциите како бумеранг и репродукција на видеа.

Една од најпопуларните апликации за размена на пораки воведе креатор за GIF - ови. Новата опција е додаток за неодамна воведените групни видео разговори, групни четови за до 250 луѓе и групни повици за 20 соговорници. Креаторот за GIF - ови е лансиран за iOS, додека на Android уредите ќе пристигне во текот на следните недели.

Корисниците ќе може да направат GIF така што ќе кликнат на камерата во било кој разговор, потоа ќе ја одберат опцијата GIF и ќе снимаат кратко видео или одберат веќе постоечко од галеријата и ќе го претворат во GIF во облик на бумеранг, забрзана снимка или пак ќе го враќаат наназад.

За од идеа да направат GIF, корисниците ќе треба да:

# го исечат видеото и одберат дел кој ќе сакаат да го претворат во GIF.

# одберат во кој тип сакаат да го претворат GIF - от.

# го стилизираат со текст, со помош на разни фонтови и бои, како и цртежи или стикери.


Можеби ќе ве интересира: