(ВИДЕО) 13 - годишно момче е најмладиот европски првак во скок во вода

(ВИДЕО) 13 - годишно момче е најмладиот европски првак во скок во вода

Украинецот Олексиј Середа е најмладиот скокач во историјата кој освоил европско злато помеѓу сениорите со само 13 години и седум месеци. Рекордер од 2008 година беше Британецот Том Далеј кој европското злато го освои на 13 години и 10 месеци.

Украинскиот спортист вкупно освоил 488,85 бодови во финалето на Европското првенство во Киев, среброто заврши кај Французинот Бењамин Ауфрет (479,90), а бронзата кај Русинот Руслан Терновои (445,25).

Украинецот продолжува со фантастична форма откако пред три недели ја зазема четвртата позиција на Светското првенство. Середа се подготвува за заминување на Олимписките игри во Токио следната година на кои ќе смее да настапува бидејќи тогаш ќе наполни 14 години.


Можеби ќе ве интересира: