(ВИДЕО) Цел свет дозна за групата навивачи кои заспиваа бебе на улица
Во пресрет на квалификациските натпревари за Европското првенство во фудбал, хрватската фудбалска репрезентација играше против Словачка.
По победата група хрватски навивачи шетале по улиците на Трнава и случајно налетале на млад пар со бебе. Навивачите на бебето му ја испеале најпознатата хрватска приспивна пеесна „Зеко и поточич“, а бебето потонало во сон.
Ова видео стана вирално, откако се сподели на инстаграм страната @volimhrvatsku.