(ВИДЕО) Цела Европа знае за кој пееше Тамара: „Proud“ во изведба на малата Хана!
Поминаа веќе две недели од завршувањето на 64 – то издание на Евровизија, а никако не стивнуваат вестите поврзани со овој фестивал. Нашата претставничка Тамара Тодевска со песната „Proud“ и го донесе на Македонија 7 – то место.
Сите веројатно слушнавте многу „кавери“ од „Proud“, но ова што следува е нешто посебно. Имено, Хана, ќерката на Тамара, за која воедно беше напишана и отпеана оваа песна, ја изведе истата. Од нејзината изведба, мама Тамара сподели видеото на социјалните мрежи и истото им ги разгали душите на нејзините обожаватели.