(ВИДЕО) Елена Папаризу и овозможи дует со Петар Грашо: Лина ја освојува Хрватска!
Младата пејачка Лина Пејовска, реши повторно да излезе од границите на Македонија. Овој пат изборот падна на хрватското музичко шоу "Звјезде - љетни хит". На своето прво претставување пред хрватската публика го отпеа евровизискиот хит "My number one" од Елена Папаризу.
Лина го воодушеви жирито со својата изведба, а и харизма. " Ти си совршена! Јас не знам што си ти! Ти си врв! Јас те гледав со отворена уста, прекрасна си, се движиш на сцена... Совршена си!" - воодушевено изјави Андреа, една од членовите на жирито.
И покрај обидите на Нина Бадриќ да ја убеди, Лина го одбра Петар Грашо за дует! Како изгледаше целосното претставување, погледнете во продолжение!