(ВИДЕО) Емотивна средба: Браќата Џонас изненадија обожавателка во болница

(ВИДЕО) Емотивна средба: Браќата Џонас изненадија обожавателка во болница

Објавена во: Stars // Музика

Американката Лили Џордан сакала да оди на концерт на браќата Џонас, но не можела поради хемотерапија. По концертот тие ја изненадиле во болница.

Лили на пејачите одлучила да раскаже својата ситуација и тоа пат на Инстаграм. Им го напишала следното:

„Требаше утре да бидам на вашиот концерт во Херши, но наместо тоа, вечерта ќе ја поминам преку улицата примајќи хемотерапија“. Пораката завршила повикувајќи ги браќата кај себе во болница. „Доколку сакате да дојдете, ќе ви го дадам бројот на својата соба“ - напишала Лили. Најверојатно ни на крај памет не и било дека навистина ќе дојдат.


Пораката стана вирална, а на момците не им требало долго за да и одговорат. Веќе следниот ден тие се појавиле пред нејзината соба во детската болница Penn State.

„Ја видовме твојата порака и едноставно моравме да поминеме“ - и кажаа тие на Лили. Освен запознавањето со своите идоли, Џордан ја запознала и актерката Пријанка Чопра, сопругата на Ник Џонас, која таму била со нив.

Момците исто така одлучиле на концертот да и посветат една песна, а таа одбрала тоа да биде песната од нивниот албум 'S.O.S'.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: