(ВИДЕО) Гоца Тржан го посака за зет, а неговиот македонски ќе ве остави без зборови!
Во најновата емисија од музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“ свој феноменален настап имаше младиот Жарко Прибаковиќ. Тој секогаш важи за примерен и културен тинејџер, а поради тоа Гоца јавно искоментира дека би сакала нејзината ќерка да има момче како него.
Но, она што не изненади беше неговата изведба. Тој ја пееше „Скопје Београд“, која во оригинал ја отпеаа Даниел Кајмакоски и Жељко Јоксимовиќ. Дека делот на Жељко ќе го отпее добро никој не се посомнева, но оној на македонски, кој го пее Даниел ги остави сите со подотворени усти. Имено, Жарко без ниту една грешка ја отпеа строфата и рефренот на мекедонски, а како звучи оваа песна во негова изведба слушнете во продолжение.