(ВИДЕО) Горд сум што сум Македонец: Филип Пешевски со песна го честиташе празникот
На денешен ден се празнува независноста на нашата татковина. Голем број јавни личности ги искористија социјалните мрежи, за на сите Македонци да им го честитаат овој празник.
Еден од нив беше и младиот и талентиран пејач Филип Пешевски. Тој на својот Инстаграм профил сподели видео на кое ја изведува најпознатата македонска народна песна „Зајди, зајди“.
„Убаво е да си Македонец. Јас сум горд затоа што сум Македонец и пеам Македонски песни во Република Македонија! Среќен празник !“ - напиша Пешевски покрај видеото.