(ВИДЕО) Испеа дует со Грашо и си обезбеди место во супер финалето: Лина со шанса за победа!
Лина Пејовска е единствена македонска претставничка во хрватското музичко натпреварување, РТЛ Звјезде - Љетни хит. Таа е голем фаворит за победа, барем како што кажуваат резултатите од анкетите кои ги спроведуваат тамошните медиуми.
Во вчерашната емисија, Лина се претстави со две песни. Едната од нив е песната на хрватската пејачка Лорена Бучан.
Но, она што привлече големо внимание беше дуетот со пејачот Петар Грашо. Имено, тие ја отпеаа I Don't Want to Talk About It, а коментарите на жирито беа позитивни,
Со овие два настапи Лина си обезбеди место во супер финалето.