(ВИДЕО) Изведба која ќе ве остави без зборови: Заљубената двојка растури на „VMAs“ 2019

(ВИДЕО) Изведба која ќе ве остави без зборови: Заљубената двојка растури на „VMAs“ 2019

Објавена во: Stars // Музика

Ова е моментот кој го чекавме цело лето...

За прв пат ја имавме можноста да ја проследиме изведбата во живо на најголемиот хит на Шон Мендес и Камила Кабело „Señorita".

Синоќа по 36ти пат се одржаа „VMAs MTV“ музичките награди, а шоуто како и секогаш не остави воодушевени и изненадени со бројни случувања.

Со најголемо очекување беше пречекан и настапот на Шон и Камила, кои за прв пат во живо ја изведоа песната која цело лето ја слушаме по дома, во кола, низ кафичите, постoјано ни се мота во глава.

 Парот имаше спектакуларна изведба, сенузуални и секси, а сепак искрени, на сцената разменија доста чувства. Реакциите на фановите се многубројни, но има и за што да бидат.

Во продолжение погледнете ја нивната прекрасна изведба која уште долго време ќе се памти:


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: