(ВИДЕО) Изведба на која Лозано би подзавидел: Дамјан од М.Каменица ја отпеа „Мајко“

(ВИДЕО) Изведба на која Лозано би подзавидел: Дамјан од М.Каменица ја отпеа „Мајко“

Објавена во: Stars // Музика

Дамјан Стоименовски е 18 - годишно момче, кое е од Македонска Каменица. Ученик е во СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“, но покрај стручните предмети кои ги изучува во ова училиште ја негува и неизмерната љубов кон музиката.

Веќе три години оди на часови по пеење, а благодарејќи на својот извонреден глас има освоено две први награди и една втора на државни натпревари.

Пред неколку дена тој го објави својот најнов кавер за песната „Мајко“, која во оригинал ја отпеа Влатко Лозановски - Лозано. Неговиот глас одлично се вклопува со клавирот кој го следи, а изведбата дефитивно нема да ве остави рамнодушни.


Ова 18 - годишно момче ја најавува и својата прва песна која треба наскоро да излезе во етерот.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: