(ВИДЕО) Како изгледа Титаник кој 107 години е на дното на океанот?
Титаник веќе 107 години лежи на дното на Атланскиот океан, на околу 600 киломентри од брегот. А, доколку го имаш гледано филмот Титаник, тогаш знаеш дека тој бил најголемиот брод на сите времиња. Денес, пак се распаѓа со неверојатна брзина, за што сведочат и овие досега невидени видео записи од дното на океанот.
Откако, се забил во санта лед, животот го изгубиле повеќе од 1.500 патници кои на него патувале кон Америка, а вкупно со се членовите од екипажот биле над 2.000.
First Titanic expedition in 14 years uncovers ‘partial collapse of hull’https://t.co/rpEMrabGYd pic.twitter.com/GfwK3aLIYv
— Belfast Telegraph (@BelTel) August 21, 2019
Бродот сега започна да пропаѓа со голема брзина, седејќи на дното на океанот. Најлошо распаѓање е забележано на страничната страна. Виновни се силните океански струи и корозијата, но и бактериите кои го јадат металот, јавува BBC.
The first new images of the wreck of the Titanic in 14 years show that the iconic ship is deteriorating
— Sky News (@SkyNews) August 21, 2019
Get the latest news here: https://t.co/R8Y77kLxnp pic.twitter.com/fhKfDiIKAi
Научниците истражуваат уште колку време му преостана пред потполно да исчезне и да се претвори во прашина, а некои велат дека тоа ќе се случи многу наскоро.