(ВИДЕО) Како полицијата во Шпанија им честита роденден на децата кои се во самоизолација?
Зои, Еливија и Енцо од Реус во шпанската провинција Тарагона долго ќе го паметат својот 4 роденден. Иако не можеле да ги поканат своите пријатели заради задолжителната самоизолација, тие добиле неочекувани гости. Под нивниот прозорец, со ротациони светла и сирени, дошле шест автомобили од локалната полиција и цивилна заштита.
Децата ракоплескале и воодушевено скокале, а изненадувањето кулминирало кога полицајците им пуштиле детска песна. Во оваа невообичаена прослава се приклучиле и соседите кои ракоплескале од балконите. Тие исто така добиле и подароци. Двајца полицајци врзале две огромни кутии со јаже, кое нивните родители го фрлиле од терасата.
Ahir ens va emocionar molt felicitar 3 germans pel seu 4rt aniversari. Però des d'aquest punt de vista encara ens emociona més!
— Guàrdia Urbana Reus (@reusgurbana) March 31, 2020
El reconeixement és per a tots els nens i nenes de #Reus que aquests dies estan fent un esforç extraordinari.
Si ells poden, tots podem!#QuedatACasa pic.twitter.com/lUMb5RuIC7
На социјалните мрежи полицајците го честитале роденденот и на сите останати деца во градот, кои се приморани да го прославуваат сами. Им честиститале и на нивниот труд со тоа што останале дома со пораката „вие сте херои“.
Ова не е единствен случај на заедницата која се обидува на најмладите да им ги олесни тешките денови. На девојчето Марина од градот Торефорт од истата провинција, исто така добила персонализирана и посебна роденденска прослава, а видеото исто така кружеше на социјалните мрежи.