(ВИДЕО) КЛУЧ НА ВРАТА: Домот за стари каде работничка шамараше баба, остана без дозвола за работа-ова се деталите
На домот за стари лица „Оренда“ во Пеќ, Косово му беше одземена лиценцата откако пред неколку дена беше објавена снимка од физички напад врз постара госпоѓа, соопшти Министерството за финансии на таа земја.
„По објавувањето на видео од физички напад врз постара жена во домот „Оренда“ во Пеќ, Единицата за инспекциски надзор од социјалната служба веднаш спроведе истрага, како и сослушување на вработените во центарот и сведоците на случајот“, се наведува во соопштението за печатот.
Извештајот од инспекцискиот надзор денеска е доставен до Комисијата за лиценцирање, која одржа итна седница на која беше донесена одлука за одземање на лиценцата за давање социјални услуги на домот Оренда.
Согласно одлуката на Комисијата, Домот за стари лица е должен во рок од 24 часа да ги извести семејствата на корисниците за одлуката, а до 7 ноември да ја затвори дејноста за давање социјални услуги, јавува Косово онлајн.
На видеото од насилството врз старицата се гледаат две медицински сестри како и удираат шамар на несреќната старица и физички ја малтретираат. На осомничените им е одредена мерка притвор во траење од еден месец.
Злоставуваната Манира веќе не е во домот
По ужасната снимка од изживувањетона медицинските сестри врз безпомшно старо лице, штитеничка во Домот за стари лица во Пеќ, се појавија видео снимки од нивното апсење. Скандалот што беше виден во центарот „Оренда“ продолжува да се коментира во целиот регион. Полицијата на Косово денеска уапси ги уапси вработените осомничени дека ја злоставувале Манира Нура, која е згрижена таму.
Таа беше жртва на брутален и нехуман напад во домот за стари лица, а во центарот на скандалот беше медицинската сестра Аурона Пелај, која, како што се гледа на снимнката, ја држи за раце и ја удира. Медицинските сестри добија притвор 48 часа, а на социјалните мрежи се појави видео од апсењето.