Видео кое ги воодушеви сите: Мала коала успешно вратена во прегратките на мајка ѝ, откако паднала од стебло

Видео кое ги воодушеви сите: Мала коала успешно вратена во прегратките на мајка ѝ, откако паднала од стебло

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Видеото за само неколку дена има повеќе од 5,5 милион ипрегледи и предизвика општо воодушевување...

Малата коала Норис падна од рацете на својата мајка Дорис. Паднала на меко тло под стеблото и не се повредила, но требало да биде вратена кај мајка ѝ. Додека спасувачите чекале да дојдат нивните колеги кои се спицијализирани за качување по стебла, една волонтерка одлучила да се обиде да ја крене малата коала во воздух, јавува „BBC Adelaide“.

Ја кренала високо во воздух, а кога Дорис сфатила што се случува, брзо се спуштила по него. Малата коала пред тоа ја повикала својата мајка за помош, но таа не слушнала веднаш, а штом го слушнала звукот веднаш се симнала по своето дете. Брзо го земала со себе и го однела во крошналта. Иако очигледно ѝ бил страв од луѓето, инстинктот бил посилен. Поважно ѝ било да го спаси своето малечко, отколку да се грижи за тоа дали е загрозена, па затоа веднаш се спуштила.

Волонтерката притоа ја погалила по грбот, но коалата не реагирала добро на тоа. Очигледно е дека таквиот допир не ѝ одговорал, па веднаш се вратила во грошната со своето дете.



Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: