Видео кое покажува дека не треба да губиме надеж: Средбата на богато момче со сиромашен врсник ќе ве расплаче

Видео кое покажува дека не треба да губиме надеж: Средбата на богато момче со сиромашен врсник ќе ве расплаче

Објавена во: Совети // Другарство

Вирално видео поради кое се огласи и претседателот на државата...

Од Јужна Америка пристигна видео кое ќе ве допре во срцето. За време на викендот стана хит на Твитер, а зборува за човечноста, добрината, несебичноста...

За време на сообраќајниот метеж, двете момчиња случајно се сретнале и покажале дека и двете имаат прекрасна душа.

Момчето од автомобилот најпрво на својот врсник му дозволил да си поигра со неговите играчки, за на крајот и да му ги подари, сфаќајќи дека ги има во поголем број од момчето кое заработува миејќи автомобили.

Неговата благодарност е уште детаљ на видеото кое без сомнеж ќе ве разнежни.

Најпрво не сакал да ги прифати подароците, но кога сфатил дека неговиот врсник од автомобилот инсистира, ја донел својата храна за да ја понуди за возраврат.

Децата на крајот се поздравиле, а интересно е што видеото го сподели и самиот претседател на Доминиканските Републики, Луис Абинадер.

„Нека ова видео на сите им послужи да не губиме надеж, имаме многу што да учиме од децата“ - напиша тој.


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: