(ВИДЕО) Македонија го добива својот Раста: Давид од Велес има мега-хит на српски јазик!
За ова момче допрва ќе слушне и Македонија, а особено Балканот. Станува збор за младиот и талентиран пејач Давид Михајлов кој веќе ја сними својата прва песна и тоа на српски јазик со наслов „Злато Моје“.
Станува збор за трап балада со балкански призвук, нешто што е апсолутен тренд последниве неколку години на овие простори.
„Злато моје“ е комплетно авторско дело на Темелко Андреев и неговата „Sidechain Production“.
Јас и мојот тим многу веруваме во оваа песна, а веќе од секаде пристигнуваат позитивни коментари. Еве, сега за првпат ќе откријам дека песната ја слушна и Раста и многу му се допадна. Тоа ми даде само дополнителен мотив за да работам и во иднина. Се надевам дека ќе и се допадне на публиката – вели Давид.
За неговата прва песна талентираниот пејач сними и видеоспот, на кој како режисер се потпишува Владислав Гавриловски.
Давид и тимот веќе работат и на втората песна, а за многу брзо време публиката ќе има прилика да го види и слушне во живо во клубовите ширум земјава.