(ВИДЕО) Марија ќе ја пее „Дома“ на детската Евровизија

(ВИДЕО) Марија ќе ја пее „Дома“ на детската Евровизија

Објавена во: Stars // Музика

Марија Спасовска има 12 години и оваа година ќе ја претставува Македонија на детската Евровизија со песната „Дома“. 

Песната „Дома“ има топла и хумана порака за сите: Секое дете да го најде својот топол дом, да се згрижат децата од целиот свет кои немаат „Дома“! Токму таа порака најемотивно во вид на Молитва ја пренесува Марија пред европската публика за Јуниорската евровизија 2018 година.

Аранжманот на песната е на Дарко Димитров, а текстот го напиша Елена Ристеска. Детската Евровизија е закажана за 25-ти ноември, во Минск, Белорусија. 



Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: