(ВИДЕО) Млади од Струмица се ставаат во опасност за популарност: Ја исклучија елката на плоштадот за ТикТок

(ВИДЕО) Млади од Струмица се ставаат во опасност за популарност: Ја исклучија елката на плоштадот за ТикТок

Објавена во: Совети // Другарство

Светот на младите денес им се врти само и единствено околу социјалните мрежи, барем за огромен процент од нив. Како да дојдат до поголем број на следбеници, повеќе лајкови, коментари. Многу неубави работи снимаат младите, за барем 5 минути слава. Така и овој пат, девојчиња во Струмица се снимале на социјалната мрежа ТикТок, како ја вклучуваат и исклучуваат елката на плоштадот. За нив може е забавно, но очигледно е дека не се свесни за можната опасност.

Видеото наиде на остри реакции, особено од возрасните.

„ТикТок апликацијата со сигурност не им донесе ништо позитивно на младите. Видеото е од Струмица, а девојчето со намера да добие повеќе прегледи на ТикТок, ја исклучува струјата на елката во центарот на Струмица. Ова е АПЕЛ до родителите повеќе да се грижат што прават нивните деца надвор од домот!“, пишува порталот Струмица денес, кој го објави видеото на Фејсбук.


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: