(ВИДЕО) Нов Bitsiani водич за матуранти за пролет 2019
Времето на матурските прослави наскоро доаѓа, а матурантите веќе забрзано го подготвуваат својот изглед за оваа возбудлива вечер. Продавниците на Bitsiani се несомнено една од омилените дестинации на младите луѓе – место каде можат да најдат трендовски парчиња, уникатни комбинации, да се инспирираат и да добијат совет за изгледот кој сакаат да го постигнат.
Фотосесијата со предлози за идните матуранти е веќе подготвена, а наскоро од печат ќе излезе и печатеното издание на водичот за матуранти, кој ќе може да се најде во продавниците на брендот.
Овогодинешните предлози за матурантите се комбинација од младешки стил и италијанска инспирација, парчиња во кои момците ќе се чувствуваат самоуверено и модерно. Пастелните бои и храбри комбинации како и секогаш се тука, дополнети со интересни детали и модни додатоци за уникатност и впечатливост. Од друга страна, и темните нијанси се застапени за оние кои бираат поелегантен и свечен изглед.
Тимот кој стои позади едиторијалот за матуранти го сочинуваат фотографите Aни и Дими, Зорица Николова – задолжена за шминка и фризура, моделите Игор Гошев и Филип Макрадули, дел од агенцијата Моделс Ин, и бренд менаџерот на Bitsiani, Жорж кој ги подготви комбинациите. Видеото е исто така во продукција на Ани и Дими.
Локација – секогаш инспиративниот простор на Македонска Филхармонија.