(ВИДЕО) Опавчето на Ариана не е шега: Колку е тешко да се носи?
Три девојки се согласија на неколку дена да го носат долгото опавче на Ариана Гранде, со цел да тестираат колку е практично, со оглед на тоа што е навистина високо, долго и изгледа како доста да тежи.
Цезар Рамирез - славен стилист за коса, кој е задолжен за опавчето на Ариана, и соработува со многу познати личности, меѓу кои Деми Ловато, Сиара и други, ја зеде работатата во свои раце, па трите девојки добија идентични опавчиња како онаа на Ариана.
Девојките покажаа дека е вистински предизвик да се носи долгата опашка на Ариана, имаа потешкотии при спиење, признаа дека тежи доста, дури се обидоа да ре-креираат и сцена од спот на Ариана - преморени беа.
Погледнете ги нивните реакции и коментари: