(ВИДЕО) „Ова беше нашата ноќ од бајките“ - Пар со Даунов синдром заблеска на матурската забава!
Матурските забави кај нас завршија, но во соседните држави се уште траат. 19 - годишната Тереза Божац е матуратка со Даунов синдром, која заедно со својот партнер ги разнежни срцата на сите.
Имено, иако Мауро Зовиќ, кој исто така има Даунов синдром, не е матурант оваа година, тој сепак ја придружуваше својата девојка. Овие двајца млади се запознале пред 4 години и оттогаш се неразделни.
Кога пристигнале пред ресторантот каде што се одржувала матурската забава не престанале да си разменуваат комплименти на сметка на својот изглед. Тереза се појавила во златно фустанче, кое изгледа беспрекорно, а Мауро во тегет одело.
Тие двајца многу се сакаат, а нивните родители го поддржуваат нивното пријателство.
„Секој ден разговараат по час и половина на Вибер. Си го прескажуваат цел ден, што доживеале, дали се тажни или среќни. Си ги кажуваат своите соништа и желби, едноставно си кажуваат се. Љубовта треба да биде таква. Силна и нераскинлива, без оглед на сите препреки“ - раскажуваат родителите на Тереза за 24сата.
Во продолжение погледнете го нивниот танц, а тој ќе ви помогне да ја разберете нивната љубов.