(ВИДЕО) Победникот на Ѕвездите на Пинк со хит - песна: „Јави се“ на Мите ќе ве освои од прва

(ВИДЕО) Победникот на Ѕвездите на Пинк со хит - песна: „Јави се“ на Мите ќе ве освои од прва

Објавена во: Stars // Музика

Еден од најквалитетните вокали во нашата земја, талентираниот Мите Стоилков ја објави својата најнова песна. Таа носи наслов „Јави се“ и како автори на истата се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски.

Оваа љубовна приказна беше и екранизарана, а во неа може да ги видиме и актерските способности на младиот пејач. 

„Јави се" носи силна љубовна порака. Секој во животот би се пронашол и би му разбудиле спомени, сепак спомените се дел од животот. Искрено се надевам дека ќе им се допадне на публиката. За да изгледа се прекрасно како целина, беше врвно стручен кадар на соработници на кои сум им искрено благодарен од срце. Би сакал да ги издвојам најдобрите во нашите простори: Лазар Цветкоски, Ена Цветкоска, а тука се и Пеце Здравковски, Ѓорѓи Вацев, Александар Вајдевски и Христијан Српчански кои се погрижија за ова прекрасно видео – вели Стоилков. 

Мите не застанува тука. Тој веќе работи и на новата песна, за која вели дека е полн погодок.

Да потсетиме, Мите Стоилков е победник во музичкото шоу „Ѕвездите на Пинк“, а во оваа сезона ќе имаме прилика повторно да го гледаме како натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: