(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НОВИОТ СПОТ НА „НОКАУТ“
Познатиот македонски бенд „Нокаут“ денеска на својот официјален јутјуб-канал го промовираше видеозаписот за темата „Кога ме сакаш ти“, режиран од Александар Ристовски - Принц.
Автор на музиката е Дарко Димитров, стиховите ги напиша Огнен Неделковски, а аранжманот е заедничко дело на Дарко Димитров и Никола Перевски-Пере, фронтменот на групата.