(ВИДЕО) Повредата не ја спречи да се појави на проба: Нашата Мила фаворит на Евросонг

(ВИДЕО) Повредата не ја спречи да се појави на проба: Нашата Мила фаворит на Евросонг

Објавена во: Stars // Музика

На 24 ноември во 16 часот ќе се одржи 17 - тото издание на Јуниорската Евровизија. Оваа година домаќин ќе биде Полска, а нашата претставничка е 14 - годишната Мила Москов од Прилеп.

Мила ќе настапи под редниот број четири, а боите на Македонија ќе ги брани со песната насловена „Fire“. Истата е авторско дело на братското дуо Магдалена Цветковска - Ена и Лазар Цветковски. 

Вчера, на Светскиот ден на детето Мила ја имаше првата проба, пред големото финале, а повредата која ја има на ногата не ја спречи да ја изведе својата песна и да допре до секој еден љубител на ова музичко случување.

Облечена во боите на огнот, со својот глас Мила издоминира на сцената, а одличните ефекти само ја надополнија нејзината изведба. Дел од песната ја пее на македонски, а дел на англиски јазик.

Коментарите на видеото кое го поставија на официјалниот Јутјуб канал на Јуниорската Евровизија изобилува со позитивни коментари. „Таа е мојот победник на оваа Евровизија“, „Таа пее перфектно и ефектите се исто така предобри“, „Мора да победи“, „Таа го има мојот глас“ - беа само некои од коментарите.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: