(ВИДЕО) Принцот Хари се облече како Дедо Мраз и ги воодуши сите
Видеото го сними за добротворни цели и ги развесели децата со веселите коментари. Уште еднаш покажа големо срце.
Принцот Вилијам и принцезата Кејт ги завршија сите празнични должности. Тоа го вклучува готвење на божиќни специјалитети во емисијата на Би - Би - Си и објавувањео на божиќните честитки. Хари и Меган своите активности во време за празниците ги намалија, бидејќи се на фамилијарен во Канада. Но, Хари сепак сними интересно видео и ја воодушеви јавноста, јавува Cosompolitan.
Војводата од Сасекс облече одело и сними видео за да го разигра божиќниот дух кај децата. Веселото видео е снимено за „Scotty's Little Soldiers“, добротворното здружение кое се грижи за децата за загинатите британски војници.
Prince Harry has sent a special Christmas message to children at a festive party thrown by @CorporalScotty
— Omid Scobie (@scobie) December 20, 2019
The charity provides support to kids across the UK who have lost a parent who served in the British Armed Forces.
Watch in full here: https://t.co/x1TIEs5TKS pic.twitter.com/30ooLusqCr
Еве што им порача:
„Хо, Хо, Хо! Здраво луѓе и сите од „Scotty's Little Soldiers“, се надевам дека си поминувате убаво. Слушнав дека во слоп на здружението сте вие 190. Поголемиот број од вас ги запознав пред неколку години и знам колку сте неверојатно храбри. Загубата на родителите е тешка, но знам дека поддржувајќи се едни со други имате светла иднина и ист таков Божиќ. Се надевам дека денес ќе бидете со големи насмевки на лицето, а на оние помладите лицата ќе им бидат прикриени со храна. Поради тоа ви посакувам Среќен Божиќ и уште еднаш Среќна Нова Година.“