(ВИДЕО) Професорка по математика постави светски рекорд во јадење мајонез
Колку мајонез можеш да изедеш во три минути? Сигурно не повеќе отколку оваа професорка која го постави новиот Гинисов светски рекорд. Нејзините ученици сигурно се горди!
Гинисовата книга на рекорди многу пати бележи необични успеси и поставени рекорди во многу чудни категории. Еден од тие чудни е и овој кој го постави една професорка по математика. Мишел Леско од САД го запиша своето име во книгата на рекорди, бидејќи успеала во само три минути да ја изеде најголемата количина на мајонез. Успеала за тоа кратко време да изеде дури три ипол тегли мајонез.
Отприлика, овие три ипол тегли кои успеала да ги изеде содржеле околу 2,4 килограми мајонез. Освен ова, професорката држи рекорд и во набрзо изедена порција тестенини, потоа најбрза е во јадење хот дог без рака (еден изела за 20 секунди).
Со оглед на тоа дека е многу слаба и ниска, никој не може да верува дека овие работи и одат од рака. Открива дека тоа е најголемата грешка која луѓето ја мислат за натпреварувачите во брзо јадење. Воопшто не мора да бидат дебели и силни луѓе. Важен е брзиот метаболизам, кој го има и Мишел, а поради истиот може да изеде голема количина на храна за толку кратко време. За да биде успешна, ова сепак не е доволно, пред натпреварувањето мора и да го „вежба“ желудникот за да се рашири доволно и да може да прими толку голема количина на храна.