(ВИДЕО) Студентите од Њујорк бараат повраток на средства за школарина: Деканката им одговори со танц и наиде на осуда

(ВИДЕО) Студентите од Њујорк бараат повраток на средства за школарина: Деканката им одговори со танц и наиде на осуда

Објавена во: Совети // School zone

Минатата недела, деканката на Tisch School of Arts на Универзитетот во Њујорк им испратила порака на студентите за да им каже дека училиштето нема да им ги рефундира средствата за школарина, и покрај фактот дека курсевите сега се спроведуваат преку Интернет. 

Во прилог на пораката било и видео од деканката - кореограф и уметник - Алисон Грин, на кое таа танцува на песната “Losing My Religion”.
Видеото на Твитер има над 5.500 лајкови и 1.400 споделувања.


„Ова не беше случајно“, вели студент на „Тиш“, Мајкл Прајс, за NBC News. Притоа според веб-страницата на универзитетот, школарината за една година за редовни студенти на „Тиш“ е 60.994 долари за тие кои патуваат и 77.236 долари за студенти кои живеат во Њујорк.

Интернет-петицијата со која се бара делумно враќање на школарината привлече скоро 2.500 потписи до петок попладне.

Други студенти по уметност низ целата земја исто така се прашуваат како нивните студии ќе продолжат сега кога универзитетите се затворени на неодредено време. Студентите на: Факултетот за уметност Јеил - Конектикат, Училиштето за визуелни уметности во Њујорк и колеџот за уметности на Институтот Мериленд во Балтимор, сите започнаа со слични петиции.

 „Некои од нас стануваат се повеќе лути на установата поради несоодветно решавање на проблемите со кои се соочуваме“- напиша студент, упатувајќи коментар до потегот на деканката: „Како може да помислите дека со ова може да предизвикате било што друго освен да ги изнервирате сите?“

Реакција на деканката откако видеото стана вирално:

„Она што сакав да го демонстрирам е моја сигурност дека дури и со потешкотии поради задолжително социјално дистанцирање, сепак е можностудентите во „Тиш“ да прават уметност заедно, и дека сите уметници во нашето училиште ќе најдат начини да останат одблизу поврзани дури и ако околностите нè предизвикуваат. Жалам ако моето танцување остави простор погрешно да бидам разбрана - иако ќе кажам дека добив и многу позитивни пораки - но намерата не беше сигурно ниту несериозна ниту со доза на  непочитување.“

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: