(ВИДЕО) Светскиот хит „Сењорита“ во ново руво: Момците од Риплеј со втор „sax cover“
Светскиот хит „Сењорита“, на еден од најпопуларните парови во светот, Камила Кабејо и Шон Мендес, доби нов „sax cover“ и за истиот се задолжени момците од бендот Риплеј. Никола Велиновски - Црни кој свири гитара и Столе Коцев - саксафон, ја објавија својата верзија на оваа песна.
И во овој случај станува збор за дует, но наместо на два гласа, ова е дует на една гитара и саксафон. Како овие момци го преработија овој хит погледнете во продолжение.
Инаку, ова не е прв кавер од овој калибар на овие момци. Пред овој имавме можност да ја слушнеме и преработката на хитот „Деспасито“, која помина одлично кај публиката.