(ВИДЕО) Тагува 18 месеци: Не се поместува од местото каде што загинал сопственикот!
Луѓето кои што поминуваат низ Грција, многу добро го познаваат кучето кое веќе повеќе од една година стои на покрај улица во близина на Нафпактос и тоа на местото каде што во сообраќајна несреќа неговиот газда го изгубил животот.
Сопственикот се викал Харис и имал 40 години, а трагично починал откако го удрил миксер за цимент. Иако куќата во која живеел со кучето е оддалечена околу 12 киломентри од местото на несреќата, кучето точно знаеле каде се случила истата и не се поместува од таа локација.
Го нарекуваат 'Грчкиот Хачико' според кучето кое 12 години живеело во Јапонија и со години стоело пред железничката станица во Токијо откако неговиот сопственик починал од мозочен удар на работа.
Неколку жители се обиделе да го вдомат 'Грчкиот Хачико', но тоа постојано се враќало на истото место. Со текот на времето се откажале, но затоа му направиле куќичка и редовно му носат храна и вода.
Во продолжение погледнете го видеото од овој верен човеков пријател.
Фото: NafpaktiaNews