(ВИДЕО) Тејлор Свифт ја освои главната MTV награда, но сите зборуваат за настапот на Миси Елиот
Пејачката Тејлор Свифт ја освои главната награда на „MTV Music and Video Awards“за нејзината песна, „You need to Calm Down“. Извонредната кариера на Миси Елиот (48), рапер, пејачка, текстописец, продуцент и танчерка чии музички спотови го придвижуваат музичкиот свет во последните две децении, доби признание за нејзината креативност.
Миси Елиот ја доби наградата „Видео авангард на Мајкл Џексон“ на церемонијата што се одржа во понеделникот вечерта во Њу Џерси.
„Работев напорно две децении и никогаш не мислев дека ќе застанам тука и ќе ја добијам оваа награда“, рече Елиот, чиј настап најмногу ја одбележа церемонијата.
Тејлор Свифт, освои три награди и заедно со Ариана Гранде и Били Ејлиш земаа најмногу победи.
Ариана Гранде беше прогласена за пејачка на годината, а Били Ејлиш, која беше наградена за најдобар нов изведувач, не присуствуваше на синоќешната церемонија. Групата „BTS“ исто така не присуствуваше, но тие освоија две награди.
Другите добитници се Карди Би, која ја освои наградата за најдобра хип-хоп музичка нумера за „Money“, додека „Jonas Brothers“ за песната „Sucker“ ја освоија наградата за најдобра поп песна.
„Old Town road“, најдолготрајната песна на листата од Топ 100 песни, ја освои наградата за песна на годината и за најдобар режисер.