ВИДЕО: Величенствени и страшни во исто време, гимназијалците протестираа поради уапсениот другар!
Учениците од Филолошката гимназија од Белград вчера попладне се собраа пред училишниот двор, откаде што тргнаа пешки кон Полициската управа на градот Белград , за да побараат ослободување на својот училишен другар Павле Цвејиќ, кој беше уапсен поради насилното влегување во зградата на РТС за време на протестите „1 од 5 милиони“.
Цвејиќ, кој е ученик во четврта година во оваа гимназија, е уапсен во неделата, на 17 март во својот стан, по што студијата за скратена постапка го осуди на 30 дена затвор во Казнено – поправниот завод „Падинска скела“.
Неговите врсници и другари поради тоа решија да организираат протест по називот „Правда за Павле“.
„Ние, кои Павле го познаваме веќе 4 години и со кој секојдневно се дружиме на училиште, но и надвор од него, можеме да посведочиме за двостраната неправдата која му се случи на нашиот другар од училиште клупи: како од страна на властите кои го затворија, така и од страна на опозицијата која го искористува како зртвено јагненце поради добивање на публицитет“ – стои во најавата на протестот.
Собраните учиници носеа пароли, на кои беа напишини „Зошто ни ги апсите другарите“, „Правда за Павле“...
Видеото од протестот може да го видите ОВДЕ.