ВИДЕО: Време е за авантура во најголемиот адреналински парк во Македонија!

ВИДЕО: Време е за авантура во најголемиот адреналински парк во Македонија!

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Оваа зима имајте едно поинакво доживување со вашето семејство - авантура во адреналинскиот парк на Panorama All Seasons Adventure во Крушево.

Паркот се наоѓа во преубавата крушевска корија, веднаш до скијачката патека, со содржини кои се протегаат на 3000 квадратни метри, а кои ќе ви пружат здрава рекреација и наплив на адреналин.

Во ова видео може да ги погледнете различните активности, кои, со исклучок на скијањето, се достапни за посетителите во сите сезони.

Поставен помеѓу високите дрвја ве чека најголемиот Rope Line во земјата –движењето по него е возбудлива активност која го активира умот и телото. 

Во близина на роуплајнот е вештачка карпа од 15 метри за љубителите на искачувањето.

Над неа се надврзува платформа за врв на адреналинското доживување  - зип лајн долг неверојатни 150 метри.

По ова ви препорачуваме да го испробате спуштањето со go-cart триколки по скијачката патека.

Во рамки на паркот има и пирамида од јажиња како и терен за кошарка.

Сите активности се дизајнирани за максимална забава и максимална безбедност на децата и возрасните, а изведбата ја надгледуваше ЕУ сертфицирана компанија.

До содржините, освен новоизградениот пат, ве води и жичарница која поаѓа од Крушево. 

„Го изградивме овој парк како дел од нашата визија за Крушево како центар за активен туризам во земјата и регионот“, велат од Хотел Панорама Спа и Ски Центар, компанијата инвеститор која во моментов гради и ексклузивни апартмани комплементарни на паркот.

Околу паркот неодамна беа пуштени во употреба и патеки за планински велосипедизам, дизајнирани во соработка со светскиот велосипедски шампион, Ралф Неф. Проектот е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Освен со велосипеди, Панорама располага и со квадрицикли за возење по Бушева планина. 

Во снежните периоди, скијачките патеки се достапни за денско и ноќно скијање, а за зависниците од адреналин на располагање е амфибија која ве води до планинскиот срт за скијање по диви патеки и уживање во неверојатните глетки.

Возбудливиот ден завршете го релаксирајќи се во Алто Лоунџ барот лоциран веднаш до скијачката патека или пак во комплетно реновираниот Хотел Панорама Спа во Крушево, каде може да уживате и во локалните и светски специјалитети од кујната на ресторанот АЛТО.

Доколку посакувате еден поинаков викенд за семејството, или пак барате оригинално тим-билдинг искуство, Panorama All Seasons Adventure е фантастична опција за вас. Време е за авантура!

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: