Видеото од запросувањето објавено на сите канали на ФК Барселона: Милиони луѓе воодушевени од гестот на Стефан Лазаров

Видеото од запросувањето објавено на сите канали на ФК Барселона: Милиони луѓе воодушевени од гестот на Стефан Лазаров

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Деновиве најгледано видео на официјалниот сајт на ФК Барселона е запросувањето на Марта кое нашиот јутјубер Стефан ѝ го приреди на стадионот Камп Ноу за време на натпреварот Барса - Елче.

Покрај тоа што камерите оддалеку го забележаа овој посебен момент за Стефан и Марта, новинарите веднаш им побараа изјава на парот, а оваа вест заедно со видеата е поставена на сите официјални канали на фудбалскиот клуб - од Јутјуб, Инстаграм, нивниот официјален веб сајт.

Стефан вели дека на среќата ѝ нема крај и никогаш не очекувал дека овој за нив посебен момент ќе биде прегледан од милионска публика. 


Над еден милион луѓе го прегледале видеото објавено на Инстаграм.


А на јутјуб, изјавата на Стефан и Марта по запросувањето е петта во трендинг.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: