Викенд хороскоп: Два знака да внимаваат на настинки
Вага
Вознемирени сте од чувството на монотонија што се гледа во односот со саканата личност и впечатокот дека сте запоставени во нејзините планови. Одлично се чувствувате.
Шкорпија
Без оглед на вашиот емоционален статус и возраст, прифатете ја играта на заведување или нечија порака. Ќе добиете нови емотивни контакти. Ќе ви годи релаксација.
Стрелец
Изгледате шармантно и духовито пред својата околина. Потребен ви е момент на инспирација за да ја покренете лавината на нечии чувства и да почувствувате интимна среќа. Добро се чувствувате.
Јарец
За жал, ниту љубовните настани не се според вашиот вкус или мерка. Партнерот јасно ви кажува дека има свои планови и одбива да ги сослуша вашите идеи. Чувајте се од настинки.
Водолија
Одбегнувајте ситуации во кои се чувствувате лошо или некои непотребни возбудувања. Нема причина да се повлекувате во својот свет на тишина или да се откажувате од личното задоволство. Можно е да имате проблеми со грлото.
Риби
Во љубовниот однос ви пречи еуфоријата на партнерот која ја препознавате во однесувањето, туку чувството на емотивна резигнација и несигурност која ве следи. Со здравјето се чувствувате добро.