ВИКЕНД ХОРОСКОП: Еден знак ќе донесе одлука поради која ќе има проблеми
Овен
Сè се одвива според планот, токму онака како што сте ги замислиле работите. Врската во која се наоѓате е по малку проблематична, а вие размислувате да ја прекинете и да свртите нова страница во животот.
Бик
Со помош на шармот и сопствената сила, викендов ќе успеете да ги совладате проблемите. Ќе се најдете во ситуација да доминирате и да добивате пофалби. Работите ќе се одвиваат во ваша корист.
Близнаци
Имате моќ и не сакате тукутака да ја испуштите од раце. Правилно размислувате, но сепак, не преоптоварувајте ја околината со посесивното однесување. Се наоѓате во период кога можете да очекувате подобрување во многу животни сфери.
Рак
Ќе дојдат до израз вашите дипломатски способности и ќе преговарате како вистински експерт, па очекувајте позитивни случувања. Одлично ќе се разбирате со спротивниот.
Лав
Вашите зборови ќе бидат полни со сочувство и разбирање, па многу лесно ќе допирате до срцата на луѓето. Сите недоразбирања ќе ги решавате по мирен пат, со разговор.
Девица
Ѕвездите ви се наклонети и имаат позитивно влијание на вас. Тоа добро ќе се одрази и на вашата околина. Затоа, овој викенд искористете ги шансите. Можни се револуционерни промени на полето на љубов кои ќе бидат позитивни.
Вага
Вежбањето и релаксацијата ќе направат чуда за вашето расположение. Ќе имате позитивна енергија и неверојатен сјај со којшто ќе ги привлекувате околните. Обидете се да го разберете парнерот.
Скорпија
Уживате во сите видови задоволства. Се наоѓате во фаза кога ја активирате цела креативна сила. На љубовен план очекувавте повеќе, но моменталните околности се малку поинакви.
Стрелец
Она што го доживувате овие денови е еден вид изолација, дали доброволна или како одраз на повисоки околности. Самотијата е најдобар пријател, па искористете ја конструктивно. Обидете се да најдете подобар начин за осамување.
Јарец
Не сакате околината да види кога ништо не ве интересира, па се повлекувате во свој свет во кој ги правите работите што ви причинуваат задоволство. Една од причините за лошата волја е некој здравствен проблем или прекин на пријателство.
Водолија
Овој викенд ќе мора она што сте го започнале да го завршите, бидејќи ќе бидете незадоволни доколку некои работи не ги доведете до крај. Со Стрелците можете да остварите идеална комуникација.
Риби
Ќе донесете одлука поради која можеби ќе имате сериозни проблеми. Тоа првенствено се однесува на емотивниот живот. Сте почнале да грешите на тој план, па партнерот е на крајот на нервите.