ВИКЕНД ХОРОСКОП: Еден знак ќе ужива во флертувањето
Овен
Ви поминуваат разни идеи низ глава. Добивате понуди и не знаете за која да се одлучите. За викенд исклучиво посветете се на себе и своите мисли. Одлуката ќе дојде сама.
Бик
Сега е она време во кое ако не изреагирате и не покажате заби, притисокот ќе биде неиздржив. Тоа ви го ремети вашиот мир, кој е драгоцен за вас.
Близнаци
Полека сѐ излегува на површина. Сѐ што сте сакале да дознаете доаѓа до вас. Немојте да се изненадите од информациите, особено од луѓете од кои ќе ги добиете.
Рак
Емоциите ви се напнати. Се чувствувате како „балон“ кој само што не пукнал. За викенд ви доаѓа последниот удар, потоа работите ќе почнат да доаѓаат на свое место.
Лав
Ве загрижува кариерата и репутацијата во општеството. Чувствувате негативна енергија околу вас и сакате да се оддалечите. Ако можете земете продолжен викенд, ако не тогаш викендот искористете го исклучиво за себе.
Девица
Ви следува убав и релаксиран викенд. Времето поминете го со пријателите. Слободните ќе запознаат многу интересна личност која може долго да се задржи во вашиот живот.