ВИКЕНД ХОРОСКОП: Еве кои хороскопски знаци ги очекува напорен викенд!
Овен
Викендов ќе уживате во сите среќни моменти кои ви ги нуди животот. Се чувствувате одлично, полни сте со енергија и љубов. Но, препорачливо би било да бидете умерени во сите аспекти. Внимавајте на своето здравје бидејќи постојат извесни ризици. Најдобро функционирате во друштво на Бик и Вага.
Бик
Немате причина, а имате чувство на ниска вредност кон личности од спротивниот пол. Причината за ваквото однесување е недостиг на самодоверба. Исто така, викендов ќе бидете неосновано љубоморни. Вашиот партнер е многу комплицирана личност, но морате да се изборите со неговите проблеми и она што најмногу ви пречи – неговата тврдоглавост.
Близнаци
Ве очекува напорен викенд, ќе мора да ја вложите сета расположлива сила. Тешко се одрекувате од започнатото, но препорачливо би било да се откажете доколку сакате да функционирате поедноставно. Веќе од понеделник со голема леснотија ќе ги завршите сите обврски, а и сите проблеми ќе исчезнат.
Рак
Припадник на знакот Водолија може да ве спаси од состојбата во која се наоѓате. Размислувањата во врска со иднината ве паничат и ви создаваат страв. Наскоро ќе добиете нова идеја која воедно ќе биде решение на сите ваши проблеми. Не ви е лесно, но сетете се на претходните искуства.
Лав
Добро е да знаете понекогаш и да поразговарате. Викендов вашите зборови злато вредат. Бележите успеси на секое поле. Бидејќи премногу верувате во сопствените физички способности, може да се соочите со здравствени проблеми како резултат на префорсираност. Моментално на удар се метаболизмот и нервниот систем.
Девица
Можни се здравствени проблеми како резултат на преголем стрес. Избегнувајте консумација на благи работи. Викендов однесувајте се во согалсност со вашиот знак – врамнотежено. Само така нема да има проблеми. Со партнерот сте во одлични односи. На слободните ќе им се случи нова врска.
Вага
Според гласот на разумот одлучувате да тргнете во акција. Доколку добро сте размислиле и сте ги анализирале сите варијанти, ќе биде одлично! Само со конкретни акции може да ги докажете сопстевните вредности. Не се живее од празни зборови. Се соочувате со емотивна нејаснотија.
Скорпија
Ќе ве пратат убавини во сите животни аспекти. Љубовта и уметноста се на прво место, но ни другите сегменти не изостануваат. Побарајте стручен совет доколку имате проблеми со жлездите и хормоните. Лавовите ви нудат нешто повеќе од обична соработка. Имајте ги на ум!
Стрелец
Ќе имате потреба од многу активности. Но, добро размислете пред да преземете каква било акција. Отворено барајте помош од својот партнер бидејќи сѐ уште се однесувате и размислувате како мало дете и немате објективни гледишта. Не ги трошете енергијата и времето залудно.
Јарец
Ќе имате интересен викенд. Скорпиите ќе ви помогнат да функционирате подобро, но пак, во нивно друштво се чувствувате омаловажени. Имајте на ум дека ова е само субјективна проценка. Бидете свесни за сопствените квалитети. Изберете една вечер од викендот каде ќе излезете и ќе блеснете на забавата. Ве очекуваат многу понуди од спротивниот пол.
Водолија
Овој викенд желбата за доминација ќе ви биде нагласена, но не му замерувајте на партнерот доколку ви приговара дека го преоптеретувате. Размислете го добро она што ви го кажува и обидете се да се промените. Нема да биде лесно, но верувајте, ќе биде корисно. И очекувано, ќе следат пофалби од околината.
Риби
Вложувате максимален напор, но постигнувате минимални резултати. Сепак, трудот ќе се исплати. Избегнувајте непромислени изјави и насилство бидејќи може да имате сериозни проблеми. Практикувајте прошетки на свеж воздух. Дружете се со Скорпии.