ВИКЕНД ХОРОСКОП: Не се оптоварувајте со ситници и без нагли одлуки
Вага
Изненадувањата се можни и тоа во различни правци. Доколку нешто не пробате, нема ни да знаете дали е добро или не. Премногу сте негативни овој викенд, пробајте да се орасположите.
Шкорпија
Доживеавте големо разочарување, но одбивате да се соочите со тоа. Дајте си време за да застанете на нозе, нема потреба да форсирате нешто што нема иднина.
Стрелец
Умеете да освоите нечии симпатии и немојте да дозволите дека ви недостасува имагинација или инспирација кога тоа е најпотребно.
Јарец
Овој викенд ќе сретнете стара симпатија и ќе ви се укаже можност да продолжите од таму каде што застанавте и тоа ќе ви ја врати среќата. Романсата повторно ќе затропа на вашата врата.
Водолија
Некој ќе ви упатува љубовни пораки и директно ќе ви даде до знаење што мисли или што чувствува, но вие сте неодлучни кога е одговорот во прашање.
Риби
Љубоморни сте и мислите дека партнерот крие нешто од вас. Не носете нагли одлуки и решете го проблемот со разговор. Почнете со долго утринско опуштање. Сепак е викенд и време е за одмор.