ВИКЕНД ХОРОСКОП: Некој ќе биде непријатно изненаден
Скорпија Овој викенд ќе имате главоболка од обврски. Ќе бидете немирни ќе се чувствувате несигурно, а постои опасност да изгубите некои вредности во кои досега сте уживале. Ви се закануваат судири кои нама да бидат безизлезни.
Стрелец Доколку правилно ги оцените нештата ова ќе биде мирен викенд за вас. Ќе имате доста енергија, па ќе бидете многу активни, но ќе треба да внимавате вашите активности правилно да ги насочите. Ќе бидете превртливи и непромислени.
Јарец Несигурен викенд во кој добро треба да размислите за следните чекори. Се` уште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се` што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни. Ќе морате да бидете потактични и во сентименталните односи.
Водолија Доколку овој викенд присуствувате на некојa забава бидете многу внимателни во односот со друштвото. Најблиските ќе ви бидат наклонети, па сега најдобро е да се обидете да се движите, по заобиколени патишта. На интимен план ситуацијата ви е значително подобра.
Риби Ситни проблеми ќе ви создаваат големи главоболки. Се` почесто ќе бидете уморни што ќе ја зголеми вашата раздразливост. Ситуацијата во друштвото не е онаква каква што посакувате да биде, па ќе морате да се потрудите повеќе за тоа. Бидете мирни викендов и потрудете се наредната недела да ја започнете со поинакви мисли.