Викенд хороскоп: Неповолни два дена за неколку знаци

Викенд хороскоп: Неповолни два дена за неколку знаци

СТРЕЛЕЦ

Нечие присуство и одредени случувања ви даваат нова смисла во вашата емотивна ориентација. Потребна ви е нечија искрена подршка. Понекогаш логичните претпоставки што ги имате не се такви и во очите на другите. Горделивоста оставете си ја дома. Надвор е терен за борба, а вие ја имате силата.

ЈАРЕЦ

Доколку имате средба избегнувајте го деструктивното однесување. Обвинувате погрешна личност за својот неуспех. Преземете си ја одговорноста. И не фантазирајте премногу за тоа што ќе се случи ако се случи? Оставете понегогаш простор времето да го покаже вашиот пат.

ВОДОЛИЈА

Изгледа дека некој одеднаш ги расипува вашите емотивни планови или договор што го имате со саканата личност. Внимателно проценете го редоследот на средби. Познати сте по мерење и премерување, па бидете паметни и носете соодветни животни проценки.

РИБИ

Се соочувате со иронична ситуација, нечиј гест ви делува како погрешен чекор. Ќе имате премногу гордост и тоа може да ви донесе проблеми. Канализирајте го вашиот страствен дух и импулсивност. Некогаш со мирен тон во гласот се решаваат нештата.


Фото: фреепик



Претходна страна  

Можеби ќе ве интересира: