ВИКЕНД ХОРОСКОП: Овенот нека се потпре на семејството, Бикот нека се посвети на завршување на обврските

ВИКЕНД ХОРОСКОП: Овенот нека се потпре на семејството, Бикот нека се посвети на завршување на обврските

Овен

Во семејните односи бидете директни и ќе може да го остварите сето она што сте го посакале. Слободно наметнете ги своите ставови. Односот на семејството кон вас ќе биде изненадувачки позитивен. Пристапете им на плановите без страв и ќе бидете изненадени од поддршката на околината.

Бик

Овој викенд хороскопот ве советува да се потрудите и да ги завршите сите започнати планови и обврски. Моментално не е момент за нови, големи потези. Состојбата во семејството е стабилна. Близок пријател очекува совет, помош и поддршка од вас.

Близнаци

Ситуацијата моментално е таква што не е најдобар момент да започнувате спроведување на своите планови. Умереното и мирно темпо сега ќе ви годи. Многу приказни ќе ви ја црпат енергијата. Стрпете се, почекајте подобри денови. Посветете се на себе и работите кои ве исполнуваат.

Рак

Имате брзи и непромислени потези и изјави. Имате енергија која не знаете правилно да ја насочите. Поради таквата моментална состојба иритирате некој од вашата блиска околина. Во следниот период обидете се да не ги наметнувате своите потреби и ставови, сега не е време за тоа.


Следна страна

Можеби ќе ве интересира: