Викенд хороскоп: Претпразнично уживање за неколку знаци
Лав
Викендот ќе ви помине онака како што ќе сакате. Би требало ова да биде еден убав викенд, поминат во друштво на една личност која ви подарува многу внимание. Тоа ќе ви годи и ќе сакате повеќе од пријателски однос со неа.
Девица
Викендот ќе ги исполни вашите очекувања. Секако позитивните. Ве чека убав викенд и дружба со вашите драги луѓе и секако саканата личност. Ќе имате доволно време и за одмор. Ништо неочекувано не би требало да се случи.
Вага
Викендот би можел да ви донесе позитивни случувања. Она што е поважно од тоа е дека ќе се чувствувате добро, бидејќи конечно во својата глава ги решивте работите кои ве кршеа. Најдобро е да прифатите дека некои работи не може да влијаете. Вечерните часови се резервирани за забава и дружби со пријателите.
Шкорпија
Викендот ќе ви донесе случувања кои воопшто не ги очекувавте. Некој ќе ви изјави љубов и ќе ви го признае она што го чувствува кон вас. Во прв момент ќе бидете шокирани, бидејќи не би се надевале на вакво нешто од таа личност. Доколку сте слободни, препуштете се.